
Најдолгата река во Кина, Јангцекјанг, која воедно е и најдолгата река во Азија и трета по должина во светот, ги зачуди сите, воедно и научниците, кога нејзината вода одеднаш доби крваво црвена боја.
Реката станала црвена околу градот Чонгинг, голем индустриски центар во Кина, па научниците претпоставуваат дека црвената боја се должи на недозволено испуштање на хемиски бои во самата река од страна на некоја од локалните фабрики.
Научниците сметаат дека најверојатна причина за црвената боја е човечкиот фактор, но дел од нив велат дека промената на бојата на водата може да се должи и на експанзивно размножување на црвени микроорганизми, како последица на недостаток на кислород во самата река.
Што е вистинската причина за овој феномен, останува да се потврди понатаму.