Хомосексуалната двојка ги победи сите останати парови кои се натпреватуваа во најдолгото бакнување. Парот кој победи се бакнуваше 50 часа и 25 минути.
Nontawat (31) и неговото момче Thanakorn (28) го соборија светскиот гинисов рекорд во бакнување без прекин. Минатата година тие успеале да издржат само 22 часа.
За оваа геј двојка која потекнува од Тајланд ова бил најдобрио подарок за Валентајн.
Тие беа една од седумте двојки кои се бакнуваа без прекин во натпреварот кој се одржуваше во Pattayа. Геј двојката успеа да издржи цели 50 часа и 25 минути.
„Среќен сум поради резултатот. Победивме бидејќи се подржувавме еден со друг. Минатата година издржавме 22 часа, затоа решивме и оваа година да се пријавиме“, изјавил Nontawat.
Парот освоил дијамантски прстени, готовина и ваучер за хотел со пет увездици во Тајланд.