Лједи Гага често умее да ја изненади и шокира публиката со својот изглед, изјави и потези, а последниот шок пристигна во форма на неочекувано “признание” на Твитер!
Иако помеѓу фановите на Бритни Спирс и Лејди Гага веќе долго време владее нагативна атмосфера изгледа дека оваа ситуација не важи кога односот на споменатите пејачки е во прашање.
Всушност, во текот на вчерашниот ден Бритни била една од најпопуларните личности на Твитер, а најголем број на луѓе твитале WillAlwaysLoveBritney.
Меѓутоа, најголемо внимание, а кај некои дури и шок и неверување, предизвикал твитот кој го поставила Лајди Гага.
-Вистинските фанови никогаш нема да ја напуштат #WillAlwaysLoveBritney. Некои ѕвезди навистина се прекрасни како што мислиме дека се – објавила Гага.
Со споменатиот твит Гага објавила и фотографија од чаша со принт од Бритни.
Ете, Гага сепак признала дека е фан на Бритни! Што се следно?!