Иако тврди дека во иднина нема да ги открива деталите од својот љубовен живот, на шала додава дека нејзините пријателки и познаници веќе фрлиле око на нејзиниот нов партнер, за кој велат дека е многу сладок.
Долгогодишната кариера на познатата пејачка не ја пратеа скандали се до разводот со Иван Маринковиќ. Гоца вели дека нема време да ги поправа грешките од минатото.
-Покајанието е луксиз, а јас не сум тип кој сака луксуз. Тоа денес е привилегија. Постојат многу нешта каде сум погрешила, но тоа е дел од мојот живот, вели Гоца, која веќе неколку месеци е во врска со 14 години помладиот тапанар Радомир Раса Новаковиќ, кој е член на нејзиниот придружен бенд.
Иако по разводот, кој беше нејзиниот најтежок период во животот, вети дека никогаш повеќе нема да се омажи, работите се променија.
-Јас имам намера уште три или четири пати да се омажам, бидејќи тоа ми се допаѓа многу. Сакам да имам уште едно дете, но засега нема ништо од тоа. Лена навистина сака брат или сестра. Повеќе би сакала сестра, бидејќи е девојче и тоа е нормално. И јас би сакала тоа да и го исполнам, признава Гоца.
Со песната “Страшило”, Гоца Тржан ја продолжи својата соло кариера, но и понатаму ќе работи со групата „Tap 011“.
-Редовно се слушам со Иван и Милан, кои подготвуваат нова песна која треба наскоро да ја снимиме. Неможе само да се живее ос стара слава, бидејќи таков е пазарот. Што се однесува до мене, планирам да снимам уште една фантастична песна. Тоа што си го поставив за цел во иднина, а не се однесува на кариерата, е да бидам здрава, да работам на себе, да се освестам уште повеќе и што помалку луѓе да ме познаваат, вели Гоца.
На прашањето дали, како и во песната, некогаш самата на себе си делувала како страшило, вели
-Физички на себе никогаш не сум си игледала како страшило. Многу пати сум се уплашила сама од себе и своите реакции, бидејќи сум исклучително силна, темпераментна и умеам да бидам многу сурова кога некој е неправеден кон мене. Кога некој ќе ме направи беспомошна и кога треба да се одбранам, тогаш сум најсурова, признава Гоца.