Годишно заработува и по 500.000 долари како двојничка на Бритни Спирс

15 декември, 20120
britney-dvojnic
Оваа 24 – годишна келнерка, нашла доста интересен начин за да заработи на својот физички изглед, само заради тоа што необично многу личи на славната пејачка Бритни Спирс

На Михаела Викс многу пријатели и велеле дека физички потсетува на поп принцезата Бритни Спирс, и поради тоа, таа ја напуштила својата работа и решила да настапува како двојничка на пеачката. Од тој момент поминале седум години, а Михаела освен со нејзините интересни ангажмани може да се пофали и со сумата на банковната сметка, две луксузни куќи и автомобили. Михаела настапува по клубовите ширум светот и изведува песни и настапи во идентични костуми кои ги носела Бритни.

“На 19 години ја купив мојата прва куќа. Неможев да поверувам колку успех ми донесе фактот дека потсетувам на Бритни Спирс. Неможам ни да замислам како би изгледал мојот живот ако таа никогаш не станеше славна, навистина сум среќна што е така. Инаку сум голем обожавател на Бритни како личност, но и на нејзината музика. На крајот на краиштата, би било неубаво да несакам некого благодарејќи на кого постигнав толку многу”, вели Михаела.

Михаела настапува на различни случувања, родендени, свадби или забави во клубови.

“Кога Бритни ќе издаде нов сингл, мора веднаш да го научам текстот и кореографијата. Во периодот кога Бритни ја избричи главата и редеше скандали, во мојата кариера дојде до затишје, но веднаш по издавањето на новиот албум, телефонот почна да звони и настапите се нижеа.”, нагласила лажната Бритни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi