Google – 10,56 милијарди долари приход

popara14 април, 20121min00
2

Google ги објави резултатите за своето работење во првиот квартал на 2012 година, а тие покажуваат приход од 10,65 милијарди долари.

Тоа е раст од 24 проценти во однос на истиот период од минатата година, но и над процентот на аналитичарите, пренесуваат медиумите.

Нето приходот на Google во првите три месеци на 2012 година изнесува 8,14 милијарди долари.

Заработката на компанијата во овој период изнесува 2,89 милијарди, ондосно 8,75 долари по акција.

„Google имаше уште еден успешен квартал со приходи поголеми од 24% во однос на минатата година”, изјави извршниот директор и еден од основачите на компанијата, Лери Пејџ, кој го истакна и големиот успех на проектите како што се Android, Chrome и YouTube.

„И понатаму сме во раната фаза на технологијата која може да ги подобри животите на луѓето и големи можности се пред нас. Ова е многу возбудлив период за Google”, вели Пејџ во официјалното соопштение.

Освен финансиските резултати на своето работење, од Google најавија и нова класа на акции, чии сопственици нема да имаат право на глас, а на раководителите на компаниите ќе им даде поголема контрола во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag