Google е најдобриот дигитален бренд во 2011

popara3 јануари, 20121min00
0179007.42

Google е најдобар дигитален бренд за 2011 година, него го следат Facebook и Yahoo. Ова истражување, кое ги опфати најпосетуваните онлајн дестинации, го направи компанијата Nielsen.

Истражувањето на Nielsen покажа дека Google е најпосетениот бред во САД со повеќе од 150 милиони посетители секој месец, а помеѓу социјалните мрежи и блогови доминира Facebook со 137 милиони уникатни посетители месечно.

Што се однесува до видео записите, на прво место е Youtube со просечно 111 милиони корисници, а од производителите на смарт телефони на прво место е Apple со пазарен удел од 29 проценти, го следат HTC (21%) и RIM BlackBerry (17%).

Како што може да видите, овие години нема некои големи изненадувања на овие листи, меѓутоа интересно е да се види како е поделен дигиталниот простор помеѓу категориите „social”, „video”, и „mobile”.

Ќе биде интересно за 12 месеци повторно да ги разгледаме листите. Дали Google + ќе ги надмине Linkedin или Tumblr? Дали BlackBerry, Samsung и Nokia ќе стекнат предност над HTC? Или дали Facebook на крај сепак ќе успее да го надмине Google по бројот на единствени посетители?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag