Витамин Ц – витез борец за вашето здравје

3 јануари, 20120
vitamin c

Освен што ве штити од настинки и грип, витаминот Ц го заштитува телото и од дијабетис, озочен удар, висок крвен притисок и многу друг болести.

Научниците тврдат дека оние луѓе кои ја внесуваат потребната доза на витамин Ц имаат значително понизок крвен пристиок и многу помал ризик од срцев или мозочен удар.

Имунитет – Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем, а исто така е потребен за производство на колаген. Препорачаната дневна доза на витамин Ц го штити вашето тело од инфекции, помага за одржување здрави коски и заби и го забрзува заздравувањето на раните.

Настинка – Витаминот Ц му помага на телото да се бори со бактерии, вируси иинфекции, и исто така служи како ефективен антихистамин кој помага да се намалат непријатните симптоми на грипот, вклучувајќи затнат нос, суво грло и главоболки.

Антиоксиданс – Витаминот Ц е моќен и ефективен антиоксиданс кој го штити телото  од слободните радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес., кој може да доведе до сериозни здравствени нарушувања како атеросклероза, срцеви заболувања и мозочен удар или пак многу различни видови на рак, вклучувајќи рак на белите дробови, устата, грлото, дебелото црево, желудникот и хранопроводот.

Хипертензија – Витаминот Ц има корисен ефект врз крвниот притисок, со што се намалува веројатноста за појава на хипертензија, како и сериозни здравствени проблеми што произлегуваат од високиот крвен притисок.

Олово во крвта – Витаминот Ц драматично го намалува нивото на олово во крвта. Ова е особено важно за децата кои живеат во урбаните средини, бидејќи истражувањата покажуваат дека високото ниво на олово во крвта може да доведе до инвалидитет.

Катаракта – на човечкото око му е потребно витамин Ц за да работи правилно.Недостаток на овој витамин може да доведе до појавување на катаракта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi