Соблекувајќи се до гола кожа за новото издание на магазинот Allure, 38-годишната манекенка Хајди Клум уште еднаш докажа дека титулата супермодел и припаѓа со причина.
И на прагот на 40-тите изгледа одлично, иако како што вели, никогаш не била подложна на естетска хирургија. Се гордее со тоа што е природна!
“Сите имаат своја визија за она што не е убаво, а мене пластичната хирургија не ми изгледа убаво, а особено не на млади девојки. Се прашувам што ќе прават кога ќе имаат 40-50 години”, вели манекенката која неодамна се раздели од сопругот, пејачот Сил, по седум години брак.
Најди, вели дека сеуште се обидува да си го среди животот.
“Некогаш животот ви задава удар и тогаш морате да видите како ќе се носите со тоа. Мојот сон беше да имам совршено семејство, многу деца, прекрасна градина. Меѓутоа, денес знам дека не секогаш излегува така како што си замислувате”, изјавила Клум.
Сепак не е огорчена поради разводот.
“Се случи она што мораше да се случи. Не жалам за ништо” признава Клум.