Според некои извори 50.000, а според други, многу помалце – околу 20.000 лозинки од Twitter – стигнале до раце на хакери.
Хакерите тврдат дека биле поврзани со активистичката група Anonymous. Како што пишува Mashable, хакерите објавиле дека „провалиле” во 50.000 кориснички сметки на Twitter кои потоа ги објавиле на страницата Pastebin.com. Додека хакерите се фалат со својот успех, од Twitter ја смируваат ситуацијата.
„Ја разгледуваме ситуацијата, а корисниците за кои ќе увидиме дека претрпеле штета, понудивме промена на лозинката”, објави Twitter додавајќи дека многу лозинки и кориснички сметки воопшто не се меѓусебно поврзани.
Сите чии сметки се компромитирани досега требаа да добијат предупредување од Twitter со барање да ја променат својата лозинка.
Airdemon Network Security го коментираше овој масовен напад на хакерите на Twitter и оваа компанија истакна дека профилите на познатите личности биле најзагрозени.
Пописот на сметките поставени на Pastebin.com наводно содржи повеќе од 20.000 дупликати и информации со многу лажни кориснчки сметки.
Овде може да проверите дали е компромитирана и вашата сметка на Twitter.