Купишта кисела зелка која паднала од камион на еден од најпрометните германски автопати предизвикала голем сообраќаен хаос.
Инцидентот се случил во близина на Франкфурт, камионот превезувал зелка и направил сообраќајка удирајќи се во друг автомобил.
Целиот товар од камионот почнал да паѓа на авотпатот, па така насекаде имало пакувања со кисела зелка, а инцидентот направил хаос и колона долга 10 километри.
Автопатот скоро четри часа бил затворен, бидејќи работниците ја чистеле зелката од патот која почнала да се замрзнува и да се спојува со асфалтот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=cZ5gDDE3O9Y