Boeing 747 е следна дестинација која ви предлагаме да ја атакувате.
А има и зошто…Објавете војна на секојдневните проблеми и „војувајте“ во прекрасната идеја која прерасна во познат хотел. Во далечната 1965 година, Boeing 747 бил воен авион кој бил распарчен и транспортиран на локацијата на која денес постои интересниот хотел. Со текот на времето, познат архитект имал замисла за обнова на авионот, со тоа што ќе го „претвори“ во основа за прекрасен хотел. Истото навистина и се случи…
Во внатрешноста на спектакуларно изведеното одморалиште, Ви се нудат соби, бар и прекрасен поглед…доволно за да уживате во уникатноста и комфорот додека вие…„спиете на облаците“. За почеток, врзете ги појасите…Костарика Ве чека !