Храна за прекрасна насмевка

29 март, 20120
i

Знаете ли која храна е најдобра за здрави, бели заби и прекрасна насмевка? Таа ќе ви помогне да имате здрави непца, ќе ве заштити од кариес,  непријатениот мирис и жолтата боја на забите.

Киселото млеко – основна причина за непријатниот мирис и жолтата боја на забите е развивањето на бактерии во усната шуплина. Но истражувањата покажуваат дека неколку лажици кисело млеко на ден можат да помогнат за отстранување на ваквите проблеми.

Риба – морската храна е богата со многу полезни материи. Се смета дека омега – 3 масните киселини имаат улога во спречување на болести на непцата, намалуваат воспаленија кои се појавуваат како резултат на присуство на штетни бактерии.

Овошје и зеленчук – тие се богати со растителни влакна па го стимулираат лачењето на плунката, што содржи антимикробни материи. А џвакањето на суровото овошје и зеленчук ја подобрува циркулацијата во непцата.

Сирење и кашкавал – исто како и млекото овие продукти се богати со калциум и витамин Д, кои се многу важни за здравите заби. Освен тоа делуваат за неутрализирање на бактериите кои се виновни за појава на кариес. Затоа јадете повеќе сирење, за здрави и бели заби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi