Храната ја однесе на смртна постела: Камерите ја забележале последната година од животот на жената тешка 280 килограми

7 декември, 20120
1

За неа немало спас. Документарниот филм за 284 килограми тешката жена која починала од последиците од дебелината, прикажан е на телевизија.

Доминик Ланоис (40) од Мајами на Флорида била прикована за кревет речиси две години, додека нејзините ќерки се грижеле за неа. На телевизиските екрани е прикажан документарец кој ја забележал последната година од животот на оваа жена.

Умрела во март оваа година, откако докторите за време на чекањето на спасоносната операција со снимањето на желудникот, предвиделе уште една година живот.

Коментирајќи ја нејзината ситуација, д-р Оскар Ернандез изјавил:

-Отиде во градот да јаде, не можеме да ја оперираме додека има толку килограми. Тоа не било еден прекршок, туку систематско кршење на пробрамата за слабеење.

За време на прикажувањето “600-Pound Mom: Race Against Time”, докторот ја посетил Доминик во нејзината куќа и разговарал со неа: – Ќе умрете во овој кревет. Овој кревет е вашиот ковчег.

Хирургот задолжен за оваа операција која требала да и го спаси животот, се согласил дека операцијата во оваа ситуација е премногу ризична.

-Доминик има преку 280 килограми и не сакам да ја оперирам – изјавил тој. Крајната цел на операцијата е капацитетот на нејзиниот желудник да биде намален за 90%.

Ланоис, родена на Хаити, почнала да се дебелее на 16 години, по раѓањето на првата ќерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit