Хроничниот стрес предизвикува предвремено стареење

13 јануари, 20120
s

Вистина е дека од силен стрес побелува косата. Луѓето кои се во постојан стрес и чести депресии, остаруваат побрзо.  Последните истражувања покажуваат дека луѓето изложени на стрес имаат по кратки теломери – надворешниот дел на хромозомите, кој станува се пократок  со зголемување на возраста.  Хроничниот стрес е определен како главниот виновник за се, од покачување на телесната тежина па до инфаркт.

Кога сме под стрес телото продуцира хормон наречен кортизол која ако е во поголеми концентрации се одразува негативно на општата здравствена состојба кај луѓето.

Добрата вест е тоа што има многу лесни начини да го намалите нивото на кортизол, пепорачуваме медитација, редовен спорт и здрава храна како и одмор задолжително.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *