HTC забележа пад на профитот

popara7 февруари, 20121min00
HTC_HD2_Various

Компанијата HTC ги објави своите финансиски резултати за четвртиот квартал на 2011 година.

Во последните 3 месеци од 2011 година приходите на компанијата вкупно изнесуваат нешто помалку од 3,5 милијарди долари, а гледајќи ја целата година, профитот во 2011 година, за прв пат во последните две години е помал од претходната, и тоа за 11,88 проценти.

Освен тоа, предвидувањата на HTC за првиот квартал на 2012 година, значително се помали во однос на тоа што аналитичарите го прогнозираа.

Агенцијата Ројтерс пишува дека HTC некогаш беше стандард за Android телефоните, но тоа било во „дамнешната” 2010 година, и ги пренесе мислењата на аналитичарите кои се сложуваат дека оваа тајванска компанија мора да им докаже на инвеститорите дека и понатаму е иноватор.

HTC на саемот во Барселона ќе претстави четири нови уреди, а аналитичарите сметаат дека е вистински предизвик за оваа компанија да пронајде начин на кој ќе се издвојат од масата производители.

„Ќе биде тешко”, изјави Мелиса Чау, аналитичар на компанијата IDC, „Samsung води поради својот силен маркетинг, но тоа не значи дека HTC не може да допре до својата публика”.

HTC моментално се наоѓа на петтото место на листата на најголеми светски производители на смарт телефони, според податоците на компанијата IDC.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag