И Бритни сака екстра пари, па ќе почне да глуми по серии :)))
2 февруари, 20120
Познатата пејачка Бритни Спирс објавила на својот Твитер профил дека Modern Family е нејзината омилена серија, како и тоа дека ќе учествува во неа. Спирс со ова придонесе за уште поголема популарност на серијата која освои неколку Еми награди.
“Знам дека сите се многу возбудени околу Супер Боул, но јас лично не можам да ја дочекам новата епизода на Modern Family. Тоа е најсмешната серија појавена некогаш”, објавила Бритни на својот Твитер профил.
Набрзо по ова се појавиле и онлајн барања за Бритни да се вклучи во некоја од епизодите.
На Бритни нема да и биде прв пат да се појави во некоја серија, веќе играше во сериите How I Met Your Mother и Will & Grace.