Како секој од нас му стави по 200 долари на Цукерберг во џеб?! :)))

2 февруари, 20120
4р3

После многуте најави и неизвесности, мултинационалната корпорација наречена Фејсбук денеска и официјално ќе го поднесе барањето за да се најде на листата на берза. За некој месец, од приватна, компанијата ќе стане отворена, со акции кои ќе скокаат и паѓаат секој ден и ќе ја има на сите вести во светските медиуми.

Сегашните сопственици на Фејсбук тогаш за прв пат ќе го изнесат својот дел од акциите на јавна продажба на берза.  Се очекува уште на првиот ден од прометот со овие акции дека ќе „отидат“  околу 10 милијарди долари за вредноста на нивните акции. А тоа е дестина од акциите кои ги имаат сегашните сопственици. А тоа би значело дека сите Фејсбук акции и цела компанија всушност врдат 100 милијарди долари? Да, веројатно…

Ај, да ги тргнеме бомбастичните бројки на страна…ве интересира како се започна? Што е тоа што Фејсбук го прави толку вреден?

Човекот со идеја тешка 100 милијарди долари

Ако се вратиме наназад осум години, веројатно го имате гледано филмот Social Network, па сите знаете дека Марк Цукерберг и неговиот цимер во еден студентски дом на Харвард размислуваа зошто девојките не ги сакаат, како послесно да дојдат до нив и како да им пријдат…. па како за почеток неовластено собираат податоци од базата на податоци за студентите на Харвард за сите студентки на Харвард, ги пакуваат во еден вид онлајн каталог кој е достапен за сите и каде сите студенти  можат да гласаат која е најдобра девојка. Цел Харвард се крена на нозе, некои да гласаат, некои јавно да се бунат за скандалот и за нивната приватност…тоа беше доволно, сето останато е историја.

Денеска на Фејсбук не има 500 милиони на број, секој ден се логирате, знаете кој каде отишол, гледате слики, гласате за нешто, го изразувате својот став,читате што мислат другите и да не набројуваме понатаму. Количината и квалитетот на податоците кои на Фејсбук доброволно ги оставаме за сами себе, за своите  навики, нештата што ги сакаме и не ги сакаме е неверојатна. Неверојатна, бидејќи не постои друго место или слично јавно окружување каде сте спремни да им дозволите на своите пријатели, полу пријатели, лажни пријатели, поранешни пријатели и се разбира непријатели да имаат пристап до вас и вашиот живот.

Фејсбук пријателство

Но, тие сите не му се важни на Фејсбук, освен ако не го прават истото што и вие. На Фејсбук корпорацијата најважни сте и ВИЕ. Бидејќи покрај вашите „пријатели“ сите тие терабајти приватни и полуприватни податоци ги следи и некој друг. Сето она што секојдневно уредно си се постира, си се коментира , шерува и лајкува, се анализира од моќни компјутерски алгоритми. Сите тие информации понатаму се процесираат, се обликуваат и мапираат и му даваат на Фејсбук неприкосновена моќ кај сите оние кои сакаат да се рекламираат.

Ајде сега да се вратиме на тие 500 милиони корисници. Како дојдовме до тоа целата Фејсбук компанија да чини 100 милијарди долари? Па, многу едноставно! Финансиските пазари на кои ќе се одредува вредноста на акциите на Фејсбук, проценуваат дека секојдневниот труд од корисниците како шерување, лајкување и постирање во иднина ќе вреди по 200 долари.

Бидејќи не има 500 милиони, па ако помножиме со 200, тоа е се разбира 100 МИЛИЈАРДИ долари. И уште нешто, она у спут…на Цукерберг ќе му припаднат 25 милијарди долати. Тоа е неговиот дел и покрај се што рековме, можеби ќе звучи иронично, но ги заслужи.

И, за крај, мораме да додадеме… ова воопшто не му беше идејата, човекот сакаше само нешто да „легне“!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi