Жената која 14 години имала надградба на коса, се онесвестила пред вратата од својот дом во Лондон.
Британката Аташа Греам (340 починала поради алергиска реакција од лепакот за надоградба на коса.
Веднаш штом се онесвестила, нејзниото момче Фентон Џонсон кој бил со неа, изјавил дека таа престанала да дише.
„И дадов прва помош и веднаш повикав лекари. Ја однесоа во болница, каде подоцна почина“, изјавил Џонсон и додал дека во врска биле две години.
Патологот Мајк Хит, кој ја правел обдукцијата, навел дека Аташа починала од анафилактичен шок, но дека не е сосема сигурен што го предизвикал. Тој додал дека не е алергија од храна или пијалоци, туку дека најверојатно е од лепакот за коса.