Руската православна црка ја изменила фотографијата на која партијархот носи скапоцен часовник од 30.000 евра.
Неуспешна измама во Москва.
Руската православна црква се обидела да го сокрие од јавноста фактот дека патријархот Кирил има скапоцен рачен часовник. Станува збор за рачен часовник од марката „Brege” кој наводно чини 30.000 евра.
Фотографијата од 2009 година на сајтот на руската црква, патријархот седи на дрвен стол со рускиот министер за правда. Руските блогери откриле дека патријархот носи скапоцен часовник, поради што црквата веднаш била критикувана во јавноста.
По критиките, руската црква ја изменила фотографијата на сајтот и тврдела дека патријархот нема скапоцени часовници. Но, сепак измамата беше откриена, бидејќи одразот на масата јасно се гледа.
Погледнете ги фотографиите во продолжение :