Игло – ама во луксузно издание

8 февруари, 20120
nas

Со Сибирските температури, можно е уште малку и ние да почнеме да живееме во игла. Доколку тоа се случи, јас сакам моето да биде баш вакво.

Да ви го претставиме Иглу-дорф, хотел кој е составен од неколку села со игла на различни локации во Андора, Швајцарија и Австрија. Она што е интересно е дека овие игла се рушат и повторно се градат секоја година, а за нивна изградба се потребни околу 3000 тони снег.

Овој концепт на хотел започна со идејата на еден љубител на екстремни зимски спортови, кој сакал да преспие во игло за да може утредента да биде прв на скијачките терени. Тој си направил игло и кога видел дека и другите сакаат да преноќат таму, тој започнал да гради повеќе. Неговата компанија секоја година гради 12 села направени од игла на различни локации низ Европа, а се очекува тој број да се зголеми.

Да појасниме, не станува збор за обични игла, туку за навистина луксузни игла со прекрасни соби, декорации, па дури и барови, ресторани и џакузи. Ноќевање чини од 100 до 500 евра, ама нора да признаеме дека навистина вреди за парите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi