Супермајка која досега родила 16 деца, вели дека сака уште да раѓа оти смета дека децата се најголемото богатство на светот. Англичанката Су Редфорд (37) пред неколку недели го родила своето шеснаесетто дете, а таа и сопругот Ноел (41) велат дека дефинитивно ќе имаат уште деца. Тие се решиле на толку големо семејство затоа што и двајцата биле оставени од своите родители, а подоцна посвоени.
Тие се горди родители на Крис (23), Софи (18), Клое (17), Џек (15), Даниел (13), Лук (11), Мили (10), Кејти (9), Џејмс (8), Ели (7), Ејми (6), Џош (4), Макс (3), Тили Меј (2) и Каспер кој има само седум недели.
-Го живееме својот сон. Кога ќе ги видам децата, преплавена сум со емоции. Љубовта што ја имам за нив е мојата храна, не ми треба ништо друго освен децата. Мислам дека ќе имаме среќа повторно да станеме родители, доколку така сака Господ – вели супермајката Су.