Зборот „perfume“ потекнува од латински и во буквален смисол значи „низ чад“ што е перфектен опис на парфемот кој излегува од шишенцето. Постојат многу парфеми но бројот на различни дизајнирани шишенца дефинитивно го надминува бројот на различни мириси. Парфемите какви ги знаеме се појавуваат во 19 век, иако во поранешните цивилизации имале своја верзија, и од тогаш дизајнот на шишенцата има доживеано многу промени. Овие кои ви ги презентираме се дел од постарите, во споредба со денешните.