Ј

6 април, 20120

ЈАБОЛКНИЦА
веселба; расцветана јаболкница – осиромашување / среќа; стебло без плод – болест.

ЈАБОЛКО
јаболко на стебло – ќе стекнете многу пријатели; ако берете јаболка – некоја работа во скоро време ќе ви биде крунисана со успех; ако гледате како паѓаат јаболка од дрво – крај на една љубов; свежо и сочно јаболко – љубовна авантура; ако јадете кисело јаболко – опасност; ако јадете зрело јаболко – ќе уживате во љубовта, свадба; гнило јаболко – штета; ако подарите јаболко – среќа.

ЈАБОЛКОВА РАКИЈА
пријатно расположение, забава во пријатно друштво.

ЈАВАЊЕ
ќе земете друга жена/маж; ако јавате, а не се поместувате од место – невозвратена љубов; ако паднете од коњ при јавање – несеќа.

ЈАВНА КУЌА
срамота; ако се наоѓате во јавна куќа – заработувачка.

ЈАВОР
пријатен живот.

ЈАГЛЕН
среќа и радост / смрт или несреќа; ако гори – радосен настан / некој ви поставува стапица; ако е врел – некој многу ве сака / лицето со кое сте се смириле смислува нова глупост.

ЈАГНЕ
ќе бидете исплашени; јагне што пасе – голема опасност; ако убиете или заколете јагне – големи грижи и неволји; ако гледате како скокаат јагниња – вашите непријатели ќе се веселат.

ЈАГОТКА
ако берете јаготки – незадоволство, големи тешкотии, смртен случај; црвени јаготки – остварување на желбите; црни јаготки – ве очекува болка; ако јадете јаготки – несогласувања со домашните; ако најдете јаготки – голема добивка; ако барате јаготки – нецријатности; ако купувате јаготки – судење; ако расфрлувате јаготки – несреќа; кисели јаготки – разочарување; незрели јаготки – прерана веселба.

ЈАГУАР
ако сонувате јагуар – тоа е добар предзнак, а може да значи и дека сте омилени во својата околина.

ЈАГУЛА
интриги, лажни пријатели; ако извадите јагула од вода – болниот ќе оздрави, а на здравиот му претстои нешто пријатно; ако ви се лизне од рацете – ќе ви пропадне некоја работа; јагула што плива – ве очекува далечен пат; ако јадете јагула – пријатни вести, корист; многу јагули – успех во работата.

ЈАДЕЊЕ
ако подготвувате јадење – немаштија; ако го принесувате на маса – штета; ако давате некому јадење – благосостојба; ако јадете сами – здравје; ако јадете во друштво – свадба; ако јадете печено месо – успех и добивка; ако јадете варено месо – лоши вести / озборување; сиромашна порција на јадење – неочекувана радост; ако јадете и седите на под – ќе се налутите; ако јадете врело јадење – ви претстои печалбарство.

ЈАЖЕ
немир, кавга.

ЈАЗИК
опасност; исплазен јазик – озборување; ако си го гризнете јазикот – смртен случај.

ЈАЗОВЕЦ
ќе ве надмудрат; ако ловите јазовец – селидба.

ЈАЗОЛ
ако врзувате јазол – ќе имате непријатности; ако одврзувате јазол – успех, благодарение наупорноста; ако исечете јазол – ќе стекнете нова позиција; ако не можете да одврзете јазол – ве очекува потполн неуспех во некој потфат.

ЈАЈЦЕ
изобилство, благосостојба; скршено јајце – непријатности; расипано јајце – озборување; ако купувате јајца – ве очекува разочарување поради неостварување на плановите; ако јадете јајце – среќна веридба, голема среќа во љубовта; ако земете јајце од гнездо – брак со вдовец/вдовица или разведен човек/жена со деца; ако гледаде јајце како паѓа – озборување; ако бојадисувате јајца – препреки во работата.

ЈАМА
ако паднете во јама – кавга, болест; ако видите јама – несреќа; ако копате јама – ќе се задолжите; длабока јама – болест; плитка јама – штета.

ЈАМКА
ако врзете јамка – ќе ви успее некој тежок потфат.

ЈАРЕЦ
средба со тврдоглав противник / не играјте игри на среќа; јарец со големи рогови – некој ќе ве заплашува, но можен е и усцех ако ги искористите сите свои можности; ако јавате на јарец – преземате премногу одговорности врз себе, тоа може да ви наштети; ако ве удри јарец – среќа; ако колете јарец – многу сте свирепи; ако јадете месо од јарец – ве очекува голем напор; ако ве брка јарец – кавга со претпоставените / срамота.

ЈАСЛИ
полни јасли – добивка; празни јасли – некој ќе ви остане должен.

ЈАСМИН
доаѓање на саканото лице; ако мирисате јасмин – ќе уживате во љубовта; ако берете јасмин – среќен брак.

ЈАСТОГ
задоволство.

ЈАСТРЕБ
загуба во игри на среќа.

ЈАХТА
ќе се запознаете со некој кој ќе ви направи големи услуги.

ЈАЧМЕН
пријатен живот; ако јадете јачмен – здравје.

ЈОРГАН
неостварени желби / смрт.

ЈОРГОВАН
ве очекуваат пријатни моменти во блиска иднина; ако мирисате јоргован – љубовни средби; ако берете јоргован – ќе направите некое срамно дело; ако се китите со јоргован – ќе ви се смее околината; ако купувате јоргован – неуспешен потфат.

ЈУНАК
внимавајте некој да не ве надигра; ако се правите јунак – опасност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi