
Ништо не е скапо за вистинската жена!
Тоа го знае и Жељко Јоксимовиќ, па не штедел пари на бурмите со кои Јована Јанковиќ и тој на 20ти јануари на Малдиви се заколнаа на вечна љубов. Таа сега носи бурма од 18 карати жолто злато, со дијаманти од колекцијата на “Bvlgari” – „Zero“, која на официјалниот веб сајт чини “тривијални” 4.650 долари.
Новопечената г-ѓа Јоксимовиќ гордо го покажала ова парче накит на 30ти јануари на утринската програма на Пинк, по враќањето од Малдиви. Сепак, прстенот одблизу можел да се види дури во “Континентал”, на добротворна аукција на Иван Мишковиќ која се одржала во вторникот ноќта.
Јована на овој настан се појавила без сопругот, но во друштво на идниот кум, Срѓан Предојевиќ.
Да ве потсетиме, Јована и Жељко планираат венчавка во црква дури по враќањето од Евровизија во Азербејџан, каде што Жељко ќе ја претставува Србија.