Juvet – прекрасен хотел кој овозможува неверојатни глетки на норвешката природа
23 март, 20120

Ако барате инспирација за вашиот нареден одмор, тогаш многумина ќе сакаат да го погледнат хотел Juvet. Овој хотел е измислен за љубителите на природата, бидејќи овозможува неверојатни глетки на околината. Се наоѓа во близина на реката Валдола, во Норвешка. Составен е од 7 градби од дрво, од кои сите имаат ѕидови од стакло со кои им е овозможено на гостите да имаат уникатен поглед на прекрасните околни пејсажи. Преубаво!