Шефовите воопшто не треба да ни прават забелешки кога правиме кафе пауза дури и покрај тоа што ова одзема дел од работното време. Ќе прашате зошто? Наскоро беше докажано дека точно тоа придонесува за поголема продуктивност во работата. Лондонски научници сметаат дека кофеинот ја подобрува меморијата и концентрацијата на вработените, а освен тоа се намалува и бројот на грешки направени при работата.
Биле направени повеќе експерименти, со цел да се докаже тоа и резултатите недвосмислено покажале дека луѓето кои употребувале кафе и правеле неколку кафе паузи по време на работното време, имаат подобри резултати и успеси во работата, кога станува збор за концентрација, правилен избор и меморија за разлика од останатите кои не правеле паузи и не пиеле кафе.
Врз основа на овие тестови, експертите препорачуваат на вработените да им биде дозволено да пијат кафе и да имаат по неколку кафе паузи по време на работата, за да си ја вршат работата така како што треба, со помалку грешки.