Состојки:
3 јајца
2 дл. јогурт или 2 шолји кисело млеко
2 шолји шеќер
шолја масло
3 шолји брашно
4 лажички какао
кесичка прашок за пециво
Подготовка:
Откога добро ќе ги измешате сите состојки префрлете ги во тава веќе намачкана со масло и печете ги во рерна загреана на 170 степени.
Кога тестото ќе се олади прелијте го со чоколадна глазура. Колачот може дополнително да го украсите со шлаг или овошје.