Како Кејти Пери ја одржува витката линија?

20 јануари, 20120
kejti peri

Кејти Пери навистина има одлично тело, а ова се нејзините тајни:

Правило број еден: Не ги гушете своите желби!

27 годишната пејачка и самата вели дека обожава солена храна. Затоа од време на време таа си дозволува да јаде она што сака, а нејзиниот советник за храна и тренер Харли Пастернак вели дека тоа е во ред, се додека избира здрави варијанти со помалку масти.

Правило број два: Планот за исхрана е од суштинско значење!

Со оглед на фактот дека секогаш е на пат, за Кејти е тешко секогаш да се придржува на строгите правила  кои и ги поставил нејзиниот тренер. Сепак, таа се обидува да ги следи правилата онолку колку што е можно, па скоро секогаш нејзините оброци се богати со влакна и протеини. Таа обично појадува белки од јајца со домат, кромид, малку шунка и посно сирење.

Правило број три: Вежбањето е забава!

Кејти не е тип на човек кој секој ден може да ги практикува истите вежби. Таа секогаш се труди да има забавен тренинг, па ги прави оние вежби кои сака да ги прави во моментот. А кога не сака да прави класични вежби, таа танцува!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi