Како Крис ја запросил Ким Кардашијан?
18 јануари, 20120
Крис Хамфрис им откри на своите пријатели дека Ким Кардашијан ја испланирала целата веридба.
Крис ја запросил Ким на навидум романтичен начин. На подот од нивната спална соба со ливчиња од роза напишал:”Ќе се омажиш ли за мене?” Клекнал на колена на што Ким му кажала “Ти си луд”, а тој одговорил “Ти си совршена”.
“Ким му кажала на Крис каде и како да ја запроси, така што ова за неа воопшто не било изненадување. Била средена и нашминкана”, раскажува пријател на Кирс.
“Ким му рекла дека папараците ќе го уништат овој посебен момент ако ја запроси на некое јавно место, бидејќи тој имал нешто такво на ум”, открива изворот.
http://www.youtube.com/watch?v=HQEvUzoJL6E&feature=player_embedded