
Чаевите и водата може да ви помогнат да го решите овој проблем.
На првиот знак од главоболката напијте се една голема чаша вода, бидејќи таа може е предизвикана од дехидратација на организмот. Доколку тоа не ви помогне, тогаш обидете се со чај од рузмарин. Покрај него, сличен ефект имаат и топлите напитоци од ѓумбир, во случај да ви се јават посериозни мигрени.
Сепак, главоболките знаат да бидат упорни и да создаваат поголеми проблеми. Ако се случи нешто такво, ставете топла облога на четолот и на задниот дел од главата, топлината малку ќе ве опушти. Потоа ставете ледна облога, најдобро е неколку коцки мраз во крпа или пешкир. Ладните облоги ќе ги соберат крвните садови и нема да ги притискаат чувствителните нерви.