Како тие блокови на мраз стигнале таму?
9 февруари, 20120
Локалните жители покрај реката Урал во Русија откриле необични парчиња на мраз и тврдат дека ова е дело на вонземјаните. За што всушност се работи, сеуште не е познато. Истрагата е во тек.
„Ова е дело на вонземјаните, како инаку би ја објасниле ваквата појава, огромните блокови на мраз се расфрлани наоколу како детски играчки во радиус од 20 метри,” тврди еден од очевидците на оваа нималку обична појава.
Некои локални жители тврдат дека во близина виделе како се руши некој летечки објект недалеку од реката. Што всушност се случило, ќе покаже времето, истрагата е во тек.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=LexyMr_8nzA