Nokia не застанува со отказите: си заминуваат уште 4000 работници

9 февруари, 20120
Nokia,_Connecting_People

Финскиот производител на мобилни телефони, Nokia, планира да отпушти уште 4.000 работници во погоните во Финска, Унгарија и Мексико, поради обидот за намалување на трошоциите.

Nokia има цел масовно да се префрли на произведување на смарт телефони во Азија. Компанијата во среда во соопштение наведе дека работните места ќе се укинуваат во етапи, во текот на оваа година.

На крајот на јануари Nokia извести за 73% пад на добивката во четвртиот квартал, бидејќи продажбата на новите телефони со платформата на Windows не успеа да ја загрози доминацијата на iPhone на Apple, ниту да го надокнади силниот пад на продажбата на сопствените постари модели на смарт телефони.

Финската компанија во април минатата година најави отпуштање на 7.000, а во септември и дополнителни 3.500 работни места. Нејзината бранша за мрежна опрема Nokia Siemens , во ноември најави откази за 17.000 работници.

Nokia на крајот на 2011 имаше 130.000 вработени, вклучувајќи го и одделот Nokia Siemens.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma