Kaква присутност ги расфрла работите по дуќанот?

Една продавница во јужна Австралија стана предмет на необична истрага откако на безбедносните камери беше забележано како сеуште неутврдена сила фрла чоколади од полицата.
Сопственикот на продавницата Норм Хурст изјавил: „Претходниот сопственик ми рече дека продавницата е проколната, но не му верував. Меѓутоа, од кога сум сопственик на продавницата, морам да признаам дека приметив навистина необични работи”.
Тоа што можеби најмногу ме изненади во последно време е што навечер, кога во продавницата нема никој, производите одеднаш одлучуваат да „полетаат” од полиците.
Редовно станува збор за благите работи, а на снимката која ја пренесоа австралиските медиуми се гледа пакетот со слатки кој „полетал” шест метри од полицата.
За сега главниот „осомничен” е духот на одреден боксер кој во 1998 година е убиен пред продавницата, а снимката и една од репортажите можете да ги погледнете овде:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=7ykCaBMkQEQ