Реалити ѕвездата Ким Кардашијан е бремена!
Кание и Ким се во врска осум месеци, а таа сеуште чека на официјалниот развод од бракот со Крис.
Раперот Кание Вест ја потврдил среќната вест за време на концертот во Атлантик Сити додека Ким била во публиката:“Прекинете ја музика и направете врева за мајката на моето бебе“, со насмевка изјавил Кание Вест.
Среќната вест ја потврдиле и нивните менаџери за Меил Онлајн.
Нивните најблиски веста за новиот член на големото Кардашијан семејство ја споделија на социјалните мрежи.
Ким е се уште во брак со Крис бидејќи тој инсистира разводот да биде воден пред судија и поротници бидејќи тој смета дека бил измамен.