Кавги, љубов, скапи подароци…големото и силно семејство Кардашијан!

26 декември, 20120
kardasijan

Најпознатото реалити семејство божиќните празници ги слави гласно, а патем ги најавува и новите епизоди на шоуто ‘Kourtney and Kim take Miami’.

Кога станува збор за Кардашијан, сè мора да биде големо и гласно! Така е тоа во големите семејства, но тие се познати и своите интимни моменти ги делат со целиот свет.

Ги окупираа социјалните мрежи со своите семејни фотографии, а на божиќното дружење се собрале заедно Кардашијан и Џенер. На малата Пенелопе, ќерката на Кортни и Скот, ова и беше првиот Божиќ. Со скапите подароци се пофалија младите Џенер. Kајли (15) и Кендал (17) ги покажале своите скапи Celine торби и Louboutin чевли за кои сонуваат жените низ целиот свет.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=m2gS1ZXqLCQ

Со сето тоа излезе и трејлер со нови епизоди на реалното шоу ‘Kourtney and Kim Take Miami’. Ќе има борба помеѓу Ким и Кортни, пијанчењето на Скот во друштво на непозната русокоса, романтични моменти на Клое и Ламар, скијање на вода, флерт со непознати…и тоа е само почеток! Кардашијан се вистинско шоубиз семејство!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit