
По Џенифер Лопез, се чини дека и Кети Пери го следи нејзиниот пример и станала многу блиска со својот танчер. Откако доживеа колапс во бракот со Расел Бренд, Кети најде утеха во Малик Ле Ност, еден од нејзините танчери. Извор за Sunday Mirror открива дека танчерот знаел за нејзините проблеми во бракот и колку е несреќна поради тоа.
“За време на турнејата минатата година Кети станала многу блиска со својот придружен состав, бендот и танчерите. Сите занеле колку е несреќна поради проблемите во бракот, а со овие работи најдобро бил запознаен Малик”, открива близок извор за Sunday Mirror. Кети и Малик наводно постојано биле заедно за време на турнејата, до доцна зборувале во нејзината хотелска соба и пиеле во барот, а хемијата помеѓу нив била очигледна и на сцената.