Microsoft откри дека новиот Windows 8, чие претставување се очекува на есен, ќе биде достапен во три верзии.
Нивните имиња се: Windows 8, Windows 8 Pro и Windows RT. Сите три верзии, велат од Microsoft, ќе им нудат на корисниците „бескомпромисно искуство”.
Првиот е х86/64 верзија, Pro е наменете за деловните корисници и содржи дополнителни алатки за екрипција, виртуелизација, додека RT верзијата е таа која ќе работи на ARM архитектура.
Таа ќе биде преинсталирана на компјутерите и таблетите на ARM процесори, а од Microsoft велад дека ќе се овозможи импресивно траење на батериите, помеѓу останатото.
Windows RT ќе доаѓа со бесплатната верзија на Office пакетот.
Покрај овие ќе има и Enterprise варијанта, кoja вклучува Pro верзија и додатоци. Најавено е и дека Кина, како и мал број земји во развој, ќе добијат искуство на локализирана верзија на Windows 8 Pro.