Кои здрави намирници се природни лекови?

28 декември, 20120
Salata od spargli_iff

Здравата и урамнотежена исхрана е еден од најважните аспекти на здравјето, а со изборот на вистинските намирници може да се спречат голем број на болести. Наместо секој пат кога ќе се појават знаци на болест да посегнувате по апчиња, обидете се со природни лекови – здрави наминици кои лечат од мамурлак, камења во бубрег, главоболки, па се до ПМС.

Мамурлукот спречете го со аспарагус

Листовите од овој супер зеленчук содржат ензими кои обично го разградуваат алкохолот, што е добра вест, особено ако сте претерале со пиењето. Покрај тоа што помага за разградување на алкохолот, благодарение на ензимите аспарагусот ги намалува и симптомите на мамурлакот, покажала една корејска студија. Најдобар лек за мамурлак е секако избегнувањето на алкохол, но доколку планирате да излезете и да пиете, претходно подгответе оброк кој содржи аспарагус. Покрај тоа што ќе бидете сити, а желудникот полн со храна, ќе ја забави апсорпцијата на алкохол и последиците од мамурлакот следниот ден ќе бидат значително помали.

Лимонада во борба против камен во бубрег

Според податоците објавени од страна на Центрите за контрола на болести и превенција, камен во бубрегот станува се поголем здравствен проблем, а бројот на луѓето кои заболуваат во последните 13 години, двојно се зголемил. Според зборовите на лекарите, еден од најдобрите природни лекови за камен во бубрег е лимонадата. Лимоновиот сок има најголема концентрација на цират од било кое друго цитрусно овошје и успешно го раствора акумулираниот калциум кој предизвикува бубрежни камења.

Депресијата спречете ја со кафе

Научниците од Харвард, Школата за јавно здравство минатата година објави студија во која тие откриле дека жените кои дневно пијат во просек по четири шолји кафе имаат дваесет проценти помали шанси за развивање депресија. Според зборовите на лекарите, кофеинот може да го заштити мозокот од одредени невротоксините кои можат да предизвикаат депресија.

Настинката победете ја со јогурт

Во сезоната на настинки и грип зајакнете го имунитетот со секојдневно пиење чаша јогурт. Добрите бактерии кои се наоѓаат во јогуртот го зајакнуваат имунитетот и за 42 отсто го намалуваат ризикот од инфекции на горниот респираторен тракт. Најмногу добри бактерии се наоѓаат во јогуртот и кефирот.

Со црвено вино спречете го зголемувањето на телесната тежина

Истражувачите откриле дека соединението наречено piceatannol се наоѓа во црвеното вино го одложува, а во некои случаи го спречува развојот на незрели масни клетки во зрелите масни клетки. Доколку не сте љубител на црното вино, истиот спој постои и во семките, кожата на грозјето и брусницата.

Шипинка во борба против изгореници

Шипинките се богат извор на елагична киселина, која помага да се заштити кожата од УВА и УВБ оштетување на келиите, според лекарите од Одделот за исхрана и храна наука на Универзитетот во Тексас. Меѓутоа, треба да имате на ум дека здравствени придобивки подобро се остваруваат од свежите шипинки, отколку оние од соковите и додатоци на исхраната.

Со свинско месо и грашок ублажете ПМС

И грашокот и свинското месо се богати со тиамин и рибофлавин, витамин Б, кој може да го спречи развојот на ПМС. Студијата покажа дека жените кои секојдневно консумираат 1,9 милиграми тиамин и 2,5 мг рибофлавин имаат 25 до 35 отсто помали шанси за развој на ПМС. Свинското месо и грашокот се најдобар извор на витамини, а доколку за оброк изедете околу 80 грама свинско месо и чаша варен грашок, големи се шансите да ги избегнете грчевите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi