Кои женски карактеристики се магнет за мажите?

12 декември, 20120
love
Сите мажи првенствено се заинтересирани за физичките атрибути на жената. Меѓутоа, откако ќе ги „измеркаат“ нејзините атрибути, она што им го привлекува вниманието е карактерните особини на жената.
Како за почеток, мажот привлечен од женската убавина и сексапил ќе направи се за да ве освои, дури возможно е да се стигне до „симнување ѕвезди“, но колку долго ќе трае хемијата помеѓу вас, веќе ќе зависи од други фактори. Она што го имате внатре во вас, како личност, како карактер, особини, шарм, однесување…сето тоа ќе биде пресудно за идната врска. Од вас зависи дали ќе го задржите мажот кој од прва се „запалил“ или ќе го одалечите од себе.
Што е она што ги привлекува мажите кај понежниот пол?

Смисла за хумор: Секој сака личности кои имаат позитивна енергија и оптимизам во себе. Затоа, мажите ги привлекуваат жени кои имаат смисла за хумор, бидејќи знаат да ги опуштат и насмеат.

Поглед: Многу мажи мислат дека жената најдобро заведува со погледот. Некои ги привлекува таинствен и срамежлив женски поглед, но и онакви кои преферираат строг и  жесток поглед.

Интелигенција: Скоро сите мажи сакаат крај себе паметна жена. Иако некои од нив тврдат поинаку, интелигенцијата е посебно секси особина. Интелигентните жени се интересни личности и одлични соговорници, но и забавни во кревет.

Манири: Жената не мора да биде светица, но мора да се однесува пристојно. Мажите не сакаат жени кои се прегласни и наметливи. Добрите манири се одличен начин за да им оставите добар впечаток, не само на мажите, туку во сите свери на животот воопшто.

Добар слушател: .Жените кои внимателно го слушаат својот соговорник се многу привлечни. Мажите сакаат кога сето внимание е насочено кон нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi