Еден фармер од Колумбија се надева дека ќе влезе во книгите за рекорди откако неговата кокошка снела навистина огромно јајце.
Фармерот Хернандо Нињо бил навистина изненаден кога видел дека неговата кокошка снела јајце тешко 244 грама, односно четири пати потешко од нормалните јајца. Нињо вели дека планира да ги контактира претставниците на Гинисовата книга на рекорди, бидејќи тој во своите 20 години работа никогаш не видел нешто слично.
Нињо вели дека јајцето, кое го снела кокошката Франчискана стара 5 години, е безбедно затворено во стаклен контејнер.