Колку пари се потребни за среќа?!

popara21 април, 20121min00
6a00d8341bfae553ef013488ebf98a970c-800wi

Ако судиме според резултатите од едно ново истражување парите сепак до одредена граница може да ја купат среќата.

Изгледа среќата не е толку скапа. Резултатите од новата студија покажале дека за да се почувствува општо задоволство кај сите членови во едно семејство во САД доволни се околу 50.000 долари годишно.

Истражувњето било спроведено од  „Marist Institute for Public Opinion”, а од испитаниците се брало да го оценат задоволството во следните категории од животот: семејство, безбедност, стамбено прашање, здравјето, пријателите, работата, слободното време, финансиите и социјалните активности. Секој испитаник требал да ги напише своите годишни примања.

Анкетата покажала дека годишниот приход од 50.000 долари е клучна точка што ги дели среќните од несреќните.

„Парите неможе директно да ја купат среќата, меѓутоа, нашата студија јасно покажува дека тие се клучен фактор за задоволителен и квалитетен живот“, изјавил Пол Хоган.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag