Mozilla со паметен телефон до крајот на годината
21 април, 20120

Уред на платформата која доаѓа од Фондацијата на Mozilla, на производителот Firefox, може да се очекува до крајот на оваа година, пренесува BBC.
Првиот уред на „Boot to Gecko” софтверот на Mozilla ќе биде достапен во Бразил, во рамките на Telefonica Vivo мрежата, дознава бразилскиот сајт Ztop.
Тоа што овој уред ќе го издвојува од конкуренцијата е отвореноста, изјавил Гери Ковач од Mozilla, а не е кажано кој ќе го произведува хардверот.
Што се однесува до цената, се очекува да биде ниска, односно во рангот на обичните мобилни телефони. Точниот датум на појавување не е објавен, но, како штое кажано, се говори за крајот на оваа, евентуално за почетокот на 2013 година.