Колку сте паметни?! Доволно е да ги изброите вашите пријатели! :)

popara28 март, 20121min00
ki76

Луѓето со поголеми  мозоци имаат повеќе пријатели, пренесува Дејли Мејл.

Ова го тврдат научниците кои работеле на проектот финансиран од страна на British Academy Centenary Research Project и British Academy Research Professorship.

Одржувањето на пријателства, наводно, повеќе го напрега мозкот, па затоа луѓето со вистински пријатели, за разлика од оние со пријатели на социјалните мрежи мораат да користат повеќе когнитивни вештини за вистински да разберат некого.

„Пронајдовме врска меѓу бројот на вистински пријатели и големината на предфронталниот кортекс, подрачје во мозокот кое се наоѓа веднаш над очите“, изјавил професорот Робин Дунбар од Универзитетот во Оксфорд.

„Ова откритие претставува историски пресврт, бидејќи докажавме дека со развивањето на социјални вештини е тесно поврзано со големината на мозокот“, додала докторката Џоан Пауел, професорка на Универзитетот во Ливерпул.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag