Gangnam Style во рекорден рок станала најлајкувана, па набрзо и најгледана песна на YouTube. Песната е прегледана повеќе од 908 милиони пати, а Пси на својот канал има преку 1,4 млијарди прегледи. Што мислите, колку успеал да заработи од тоа?
Gangnam Style треска ја тресе целата планета, а Park Jae-Sang, многу подобро познат под името Пси станал главна атракција. Како се ближи крајот на годината, одредени медиуми прават пресметка кој колку заработил претходните 12 месеци. Пси според достапнте податоци до сега заработил 7,9 милиони долари, што е малку ако се земе во предвид популарноста на песната.
“Gangnam Style преку сервисот iTunes по цена од 1,29 долари продала до сега околу 2,7 милиони копии во САД – тоа донело приход од околу 2,4 милиони долари. Меѓутоа, иако во родната Кореа Пси доживеал песната да биде симната 3,6 милиони пати и стримувана преку 40 милиони пати, поради сервисот кој нуди ‘се што можете да земете’ за месечна претплата помала од 10 долари неговите приходи од download од Кореа се околу 61 илјади долари”, пишува во соопштението на агенцијата кое го спровела истражувањето.
50.000 долари заработил од продажба на 102.000 CD изданија од песната на пазарот на Јужна Кореа. Сепак, најголем дел од парите Пси ги добил од ТВ реклами, кои му донеле дури 4,6 милиони долари.