Архитектонската компанија од Берлин, Studio Aisslinger, го дизајнираше овој Fincube концепт. Идејата на оваа компанија е тоа дека еден дом може лесно да биде расклопен, транспортиран, и брзо реизграден на нова локација. Овие фотографии се од првиот прототип – кој во моментов е лоциран на 1200 метри надморска височина во Ритен, Италија. Не само што овој подвижен дом изгледа одлично, тој е енергетски ефикасен.