Сега веќе “митското” издание и првиот официјален албум од 2009 година би требало да биде објавен во јули, ако раперот не се премисли повторно…
50 Cent е повторно активен на Твитер, а фановите низ целиот свет ги израдува со информацијата дека долгоочекуваниот и во неколку наврати најавен и откажан албум ќе биде објавен на 2 јули.
“Мојот роденден е на 6 јули, па тоа ми е и еден многу драг датум. Така што, на 2 јули новиот албум, 4 јули е Денот на независноста, а 6 јули – мојот роденден”, напиша познатиот рапер.
После коментарите на фановите кои напишаа дека не му веруваат, тој додаде: “Верувајте ми, јас сум сега сосема подготвени, а доаѓа2 јули”.
На претходниот албум, “Before I Self Destruct”, 50 Cent го објави пред три години, а досега во Америка се продадени повеќе од половина милион примероци.