Корист или љубов?!

popara20 април, 20121min00
sa

Материјалните работи се создадени за да се користат. Луѓето – за да се сакаат.

Додека еден маж ја полирал својата нова кола, неговиот четири годишен син со камче си чкртал гребејќи од другата страна по колата. Во својот гнев мажот ја земал раката на детото и ја удирал толку многу пати…дури не забележал дека ја удира со алатот што го држел во своите раце. Гневот заслепува…и љубовта кон материалниот свет исто така…

Во болницата детето ги губи сите прсти на рачето, поради многубројните фрактури. Кога момчето го здогледува својот татко со солзи во очите го прашува: „Тато, кога ќе ми пораснат новите прстиња?“

Мажот опиен од болка, очаен, безгласен, се вратил кај својата нова кола и удирал, удирал…се додека силата не го напуштила. Поразен, стоел пред колата и гледал во чкртаниците на својот син. Детето напишало: „Тато те сакам!“

Следниот ден таткото извршил самоубиство…

И гневот и љубовта немаат граници…Материјалните работи се за да бидат само употребувани од човекот, а не да се сакаат.

Проблемот во денешниов свет е фактот дека луѓето се искористуваат, а материјалните работи се сакаат.

Нека се обидеме секогаш да го помниме следново:

Внимавај со мислите, тие стануваат зборови,

Внимавај со зборовите, тие стануваат дела,

Внимавај со делата, тие стануваат навики,

Внимавај со навиките, тие стануваат карактер,

Внимавајте со карактерот, тој станува вашата судбина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag