Kористете го Windows 8 со очите

popara7 јануари, 20121min00
10505064394f0700438a1fe911174278_orig

Еве нешто што ќе го направи Windows 8 многу позабавен за користење. Новата верзија на оперативниот систем Windows ви нуди можност да го управувате компјутерот со помош на очите.

Најновиот оперативен систем сеуште не е достапен за комерцијална употреба, но шведската компанија Tobii се подготвува за неговото доаѓање, прилагодувајќи ја својата на Gaze технологија на интерфејсот на Windows 8.

Gaze работи така што прикачувате направа за следење на очите со USB. Во делот на екранот каде што гледате ќе се појави индикатор и само треба да кликнете на trackpad за да го започнете програмот или пак да кликнете некој линк.

Windows 8 е дизајниран не само за компјутери, туку и за таблети и смарт телефони.

Тobii тврди дека, иако интерфејсот работи добро на таблетите со екран чувствителене на допир, не делува баш природно да скролувате со „очите” со помош на trackpad.

Gaze технологијата е користена во разни медицински апликации, како и во првата аркадна игра која се контролира со очите.

Tobii ќе го демонстрира Gaze за Windows 8 на CES, која ќе се одржи во Лас Вегас од 10-ти, до 13-ти јануари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma