Претходно експертите советуваа семејните парови да бидат многу внимателни во 7-та година од бракот, како најопасна. Новите студии пак покажуваат дека мирот во бракот реално трае многу пократко, односно се до 3-та година…
Кризата во семејниот живот не започнува во 7-та година, како се веруваше до сега, туку во 3-та. Речиси пет пати повеќе парови се разделиле после 3 годишно заедничко живеење, сочат современите студии и статистики.
Основните пречки за долг и среќен брак се кариерата и децата како и новиот баланс меѓу силите на жените и мажите.
Статистиката вели дека најголем процент од паровите се разделуваат помеѓу 2-та и 4-та година. Помал дел се разделуваат уште после 1-та година, а само 3% од паровите што се разделиле издржале до 7-та година.
Четворица од секои пет анкетирани велат дека врската им се распаднала поради монотонијата што настапила, а многу од нив не наоѓале слободно време еден за друг.
Студијата покажува уште дека во наше време здраво семејство се создава многу потешко отколку во претходните поколенија.